×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детски караоке фест пред Центарот за култура во Куманово

    12.08.2020 12:31 | KumanovoNews

    Околу петнаесетина млади утре (четврток) во 20 часот, пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе настапат на детскиот караоке фест.

    Детски караоке фест пред Центарот за култура во Куманово

    Целта на караоке фестот, како што велат организаторите е да се откријат младите таленти во Куманово и да им се даде можност да настапат пред публика. Согласно протоколите од надлежните институции за заштита од коронавирусот, шоуто оваа година ќе биде со помал број на изведувачи и ограничен број на публика.

    „Тоа е настан којшто го започнавме минатата година за откривање на млади таленти во Куманово. Истиот настан ќе го организираме и утре, но со помал број на изведувачи, со оглед на мерките за заштита од коронавирусот. На шоуто, исто така ќе настапат и победниците од минатата година“, вели Сашо Тодоровски, директорот на установата.

    Како што објаснува тој, петнаесетмината млади изведувачи кои ќе настапат утре биле избрани на аудицијата којашто претходно била организирана од центарот.

    Посетителите на караоке фестот треба задолжително да носат заштитни маски и да одржуваат растојание од 2 метри.

    Средствата за реализација на настанот се обeзбедени од страна на Министерството за култура.