Девојче го фати крстот во “Свети Ѓорѓи“
19.01.2015 15:52
| KumanovoNews
Ирина Краљевска (18) од населбата Бабин дол денеска го фати крстот во базенот во црквата “Свети Великомаченик Ѓорѓи“ кај Градските гробишта.

Прв пат скокам и го фатив крстот. Имаше повеќе луѓе кои скокаа по светиот крст, но јас имав најмногу среќа. Оваа година очекувам здравје, среќа и радост - рече Краљевска.
Празникот Водици на ист начин денеска беше одбележан во повеќе верски храмови во Куманово.