Девојче од Куманово се предозирало со таблети
11.02.2019 08:30
| KumanovoNews
Девојче од Куманово вчера околу 10 часот се предозирало со таблети, по што било пренесено во болница.

Лекарите од одделението за педијатрија од Кумановската болница пријавиле во полиција дека родители донеле 14 годишно девојче, кое испило 20 таблети.
По укажаната лекарска помош девојчето е испратено во Клинички центар во Скопје, соопшти кумановската полиција.
За случајот известен е и јавен обвинител.