×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски бара Царовска да му ги врати ингеренциите за градинката

    28.01.2019 15:58 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ја повика министерката за труд и социјала Мила Царовска да го повлече решението за одземање на надлежностите на Општина Куманово за градинката „Ангел Шајче“ и јавно да се извини за постапката.

    Димитриевски бара Царовска да му ги врати ингеренциите за градинката

    На денешната прес-конференција, Димитриевски изјави дека решението го смета за неиздржано, селективно, пристрасно и тенденциозно и има за цел да се меша во изборот на директорот на градинката.

    „Ја повикувам министерката Царовска, која има направено голем пропуст, да го преиспита ова решение и повлече, бидејќи Општина Куманово не заслужува ваков третман. Главен проблем овде е министерката Царовска. Затоа го повикувам главниот проблем уште еднаш да ги преиспита сите свои одлуки поврзани со оваа активност и да го укине решението, а надлежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи праксата покажува дека избор на директор може да се врши непречено, без разлика дали овој член на законот ќе се почитува или нема да се почитува. Дури има случаи кога не е навремено отпочната постапка за избор на директор, но, за жал, за тие општини, во конкретниов случај Центар, не се преземени никакви активности. Ова решение е тенденциозно, јас, согласно законот, мора да го почитувам, но апелирам до министерката да го преиспита, укине и јавно да се извини на Општина Куманово и граѓаните, бидејќи ова е сѐ, само не децентрализација“, изјави Димитриевски.

    Тој кажа дека на 3 јануари, ненајавено, од Министерството ги посетил надлежен инспектор, без налог за контрола, кога јасно им било ставено до знаење дека доколку не отпочнат постапка за избор на директор во предвидениот рок, ќе им бидат одземени ингеренциите. Димитриевски се пожали дека има притисоци врз него и неговите соработници, но не сакаше да каже од кого.