×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Куманово е ослободено на 11 Ноември од македонските партизани

    26.11.2020 13:07 | KumanovoNews

    Куманово е ослободено на 11 Ноември на 1944 година од страна на 17-та и 18-та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили, кои се наведени во Спомен зборникот 1941-45.

    Димитриевски: Куманово е ослободено на 11 Ноември од македонските партизани

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук го коментира интервјуто на премиерот Зоран Заев со порака дека сите обиди да се изместат фактите се реприза од минатото.

    „ Гоце Делчев е темелот и душата на нашата државност. Македонец со јасна визија за самостојна Македонија. Секој јазик е суштината за постоење на еден народ. Македонскиот јазик ниту бил ниту ќе биде дијалект, има своја посебност и кодификација, признаен, потврден и верификуван во светот. Македонија беше окупирана и поделена во втората светска војна од фашистичка Германија, Бугарија и Италија. Македонскиот народ и партизаните се кренаа на востание и во коалиција со антифашистите извојуваа победа над окупаторот. Куманово е ослободено на 11ти Ноември (Сабота) 1944 година од страна на 17-та и 18-та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили (наведени во спомен зборникот 1941 – 45).

    Одлуките на АСНОМ и АВНОЈ ја потврдија државноста на Македонија а ние како рамноправен народ за прв пат добивме можност да формираме своја сопствена држава во рамки на Титовата федерацијата од која подоцна произлезе независна и суверена Македонија. Македонскиот народ и држава има сопствена историја која е дел од светската историографија, заедно чествуваме и одбележуваме заеднички настани и личности со сите пријатели но само со взаемно почитување и уважување. Сите обиди да се изместат фактите се само една реприза од минатото која се повторува на Балканот, како и да е, фактите остануваат и не се менливи. Влеговме во НАТО, чекориме кон ЕУ, таму е нашето место, само како достоинствени Македонци со своја сопствена генеза, порача Димитриевски.