×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски не постапи според овластувања во законски рок и тоа е единствена причина за одземање на ингеренциите, тврди Царовска

    28.01.2019 17:16 | KumanovoNews

    Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) реагираат на прес-конференција на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

    Димитриевски не постапи според овластувања во законски рок и тоа е единствена причина за одземање на ингеренциите, тврди Царовска

    „Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите за управување со градинките на Општина Куманово заради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата. Градоначалникот Максим Димитриевски не постапи според своите овластувања во рамки на дадениот законски рок и ова е единствената причина за одземање на ингеренциите на општината. Сите други укажувања кои ги изнесува Димитриевски се лажни и апсурдни.

    За отпочнување на постапката за одземање на ингеренциите бевме известени од страна на Управниот Одбор на градинката по што МТСП постапи согласно законската регулатива. Оваа одлука е донесена откако при вршење на надзор на работата беа утврдени недостатоци во спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. На градоначалникот му беше дадено укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите, преку уредно примен допис на 4.01.2019 година. Откако градоначалникот не постапи според даденото укажување, Министерството за труд и социјална политика ги презема ингеренциите за управување со градинките на период од 1 година, согласно членот 201 од Законот за заштита на децата.

    Освен на Куманово ингеренциите по истата основа пред околу еден месец се одзеземни и на Општина Струга. Целта на ваквото постапување е да се овозможи непречено работење на градинките и да се гарантира квалитетна грижа за децата. Постапка за одземање на ингеренциите во двете општини е водена целосно согласно законските прописи и нема никаква основа за преиспитување на овие одлуки.Детската грижа и заштита и понатаму остануваат приоритет во работењето на Министерството за труд и социјална политика“, - стои во реакцијата на МТСП.