×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Случајот е монтиран со цел да ме дискредитира

    26.04.2017 16:20 | KumanovoNews

    По објавувањето на информацијата на МВР  дека е поднесена кривична пријава за насилство против Максим Димитриевски, пратеникот на СДСМ испрати реакција до медиумите во која вели дека се работи за монтиран случај кој има цел да го дискредитира, а насилниците кои го предизвикале инцидентот да ги амнестира од одговорност.

    Димитриевски: Случајот е монтиран со цел да ме дискредитира

    „Случајот е монтажа која трае 20 дена и има за цел лично да ме дискредитира а воедно насилниците кои не нападнаа на семејната веселба да ги амнестира. Поднесена е претставка до внатрешна контрола при МВР и истрагата е во тек, приватна кривична пријава до ОЈО против насилниците за која обвинителството сеуште не се произнесе. Очекувам многу од професионалците да го расветлат случајот, но не и од институциите кои се под партиско полициска контрола. Ветувам дека ќе го демонтирам овој криминогено партиски апарат на режимот и нема да дозволиме никогаш повеќе оваа да му се повтори на друг граѓанин„- стои во реакцијата на Димитриевски.