×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поскапува за 1,5 денар, бензините за денар

    29.05.2017 13:42 | KumanovoNews

     Од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

    Дизелот поскапува за 1,5 денар, бензините за денар

    Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денар, одлучи РКЕ.

    Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 64 денари за литар, а Еурсупер БС 98 ќе се продава за 66 денари. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 50,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39 денари за литар.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,130 денари по килограм и ќе изнесува 26,382 денара.

    Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 4,54 отсто, односно за 2,91 отсто.