×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓубраџиите тврдат дека не штрајкуваат, а не го собираат сметот

    11.04.2017 13:01 | KumanovoNews

    Вработените во ЈП „Чистота и зеленило“, денеска останаа во кругот на претпријатието и не и го изнесуваа сметот.

    Ѓубраџиите тврдат дека не штрајкуваат, а не го собираат сметот

    Иако не сакаат да признаат дека штрајкуваат, и ги лажеа новинарите дека се на пауза за ручек, контејнерите во градот покажуваат нешто друго.  Купишта смет расфрлан по улиците и тротоарите, затоа што камионите не излегоа на терен.

    Меѓу вработените беше и советникот Самет Салиевски, кој негираше дека има штрајк во претпријатието.

     Наспроти него градоначалникот Дамјановски апелираше до штрајкувачите да се вратат на работа и да имаат трпение, бидејќи штом ќе заврши целата постака со УЈП ќе добијат плата.

        „Револт има кај вработените, но имаме цврсто ветување од УЈП дека со завршување на одлуката на советот ќе се деблокира сметката и веднаш ќе им исплатиме плата на вработените – вели Дамјановски.

    Но, ѓубраџиите очигледно повеќе не веруваат никому, па лути што не добиле плата за два месеци и што останале без здравствено осигурување, го истурија гневот врз новинарите. Им се закануваа, ги навредуваа и им упатуваа псовки, тврдејќи дека тие се криви за состојбата во која се нашле. Некои дури беа подготвени и да се пресметаат со нив затоа што го фотографираа протестот.