Дневен центар за лица со посебни потреби во Оризаре
27.03.2015 10:45
| KumanovoNews
Дневен центар за лица со посебни потреби годинава ќе се отвори во селото Оризаре, општина Липково.
Овој Дневен центар ќе пружа заштита и поддршка на децата со пречки во развојот, кои живеат на ова подрачје.
Се работи за нова градба, инвестиција на Министерството за труд и социјална политика. Градежните работи се завршени и сега се работи на тоа објектот да се приклучи на електродистрибутивна мрежа - вели Марјан Гијовски, портпарол на МТСП.
Само оваа година Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините во земјава, инвестира во отворање на седум Дневни центри во Скопје, во општина Центар, Велес, Кочани, Штип, Липково и Битола.

