До 10 март ќе се поднесуваат барања за штетите во Нагоричане
26.02.2015 10:53
| KumanovoNews
Комисијата за проценка на штети при општина Старо Нагоричане, до 10 март ќе прима барања за проценка на штети од поплавите.

Секој работен ден од 8 до 16 часот, странките можат да поднесат барање во општината.
“Барањето ќе го подигнат кај нас во општина. При поднесување на барање треба задолжително странките да достават: имотен лист, лична карта или патна исправа, трансакциона сметка и евентуално фотографии од оштетени градежни објекти или земјоделски површини“ - стои во соопштението од општината.
Откако ќе се направи проценка на штетите, извештајот ќе биде доставен до Владата за обештетување.