×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До крајот на август пријавување за „Нов културен бран 2019“

    07.08.2019 09:29 | KumanovoNews

    Министерството за култура распиша Конкурс за учество во финансирање проекти за манифестацијата „Нов културен бран“ во 2019 година, која ќе се одржува од 20 септември до 15 ноември.

    До крајот на август пријавување за „Нов културен бран 2019“

    Целта на проектот е да се децентрализира културата од главниот град во локалните средини.

    „Ги повикуваме сите кумановци кои имаат идеја која ќе го збогати културниот живот во градот да аплицираат со некој интересен проект. Слободно може да дојдат кај нас во Центарот за култура ќе им помогнеме околу апликациите. Битна е идејата и концептот - концерт, театарски перформанс, промоција, мултимедијален, мултиетничи, културен проект“, - вели  Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.  

    Конкурсот ќе трае до 30 август 2019 година, а право да учествуваат имаат здруженија на граѓани, асоцијации, неформални групи и автори од областа на културата.

    Предлог-проектите може да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво: самостојни и групни изложби; солистички, камерни, симфониски и фолклорни концерти, рок- и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции или, пак, содржините да имаат мултимедијален и интердисциплинарен карактер (акции, ликовни интервенции во урбан простор, хепенинзи, перформанси…).

    Локациите за нивно одржување може да бидат во јавни и во алтернативни простори, како и во нефункционални, руинирани објекти или простори кои може да се „оживеат“ и да се „рестартираат“ како уметничка сцена.

    Министерството за култура соопштува дека предност ќе имаат мали мобилни проекти, кои како активност се планирани за неколку регионални локални средини и чија реализација е со соработка меѓу здруженија и поединци од невладиниот сектор, а во кои се вклучени уметници од домашната сцена. Предност, исто така, ќе имаат носители на проекти кои не биле финансирани во рамките на Годишната програма од национален интерес од областа на културата за 2019 година или, пак, ги завршиле проектите со сите фази.

    За учество на Конкурсот се доставува пополнета пријава, која треба да се преземе на веб-страницата на Министерството за култура www.kultura.gov.mk.