Мени

До петок нестабилно време со обилни врнежи

13.05.2019 10:30 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни, особено во западните делови, - соопштуваат од УХМР.

До петок нестабилно време со обилни врнежи

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70л/м 2 за целиот период).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.