До среда променливо со врнежи од дожд
Под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, ноќва како и во текот на утрешниот ден ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Во западните делови се очекува врнежите да бидат пообилни. Можна е и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има локален дожд со слаб интензитет.
Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено во петок и сабота. Многу топло се очекува да биде во јужните делови и долж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.