Друштво за македонско-руско пријателство во Старо Нагоричане
10.03.2015 09:05
| KumanovoNews
Во општина Старо Нагоричане во петокот е формирано Друштво за руско-македонско пријателство, а за претседател е избрана Јасмина Стојковска.

Друштвото ќе влезе во состав на Сојуз на друштва за руско-македонско пријателство и ќе ја надградува својата работа.
“Ова е само почетна фаза, а понатаму ќе следи запознавање на културата на двата народа, бизнис соработка со помош на Руската амбасада и Славјански универзитет, форуми, состаноци и друго“ - велат од општина Старо Нагоричане.
Во Сојузот на друштва за руско-македонско пријателство има над 22 здруженија од цела Македонија, кои ја негуваат љубовта кон рускиот јазик, култура и традиција.