Државна помош за млади земјоделци
02.03.2015 09:55
| KumanovoNews
Младите земјоделци до крајот на март, можат да аплицираат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството за добивање на парична помош.

На младите земјоделци им се нуди помош од 600.000 денари за започнување на сопствена дејност, под услов да не се постари од 40 години и да се регистрирани помалку од 18 месеци. Земјоделците ќе треба да направат бизнис план за тоа каде планираат да ги потрошат средствата.
Во кумановско претходните години имаше интерес за оваа мерка.