Дуо кларинети Ѓоревски-Бакревски во Куманово
Вечерва во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев - Куманово ќе биде одржан концерт на Дуото кларинети Ѓоревски - Бакрески.

После долгогодишно музичко делување на полето на класичната музика како на солистички план, така и во различни ансамбли и камерни формации, овие двајца уметници решаваат своето музичко искуство и знаење да го спојат и како Дуо кларинети Ѓоревски-Бакревски. Ова до толку повеќе се должи и на нивната заедничка работа како вработени во оркестарот на Македонската опера и балет, па покрај заедничкото оркестарско музицирање, решаваат да ги спојат своите знаења, искуства и капацитети и на полето на камерната музика како дуо кларинети.
Почетокот е во 20 часот.