×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Душевно болно лице нападна со нож полицаец

    08.05.2017 14:35 | KumanovoNews

     Маж со ментални здравствени проблеми, вчера се обидел да прободе со нож полицаец, кој асистирал на Брзата помош да го пренесат во болница.

    Душевно болно лице нападна со нож полицаец

    Инцидентот се случил во 15.35 часот додека лекарите од Итната медицинска помош  во придружба на полицијата отишле да му укажат лекарска помош на Т.М.(44) и да го пренесат од неговиот дом на Нервното одделение во Општата болница Куманово, бидејќи бил пациент.

    Во времето кога полицајците пристигнале во неговиот дом, тој делувал смирено, но кога требало да појде со лекарската екипа, од работната маса на кујната турнал еден кујнски сад под кој се наоѓал кујнски нож и го зел во рака по што замавнал кон полицаецот со намера да го погоди во пределот на градите. Го спречил во намерата друг полицаец кој му ја фатил рака.

    Полицајците успејале да го совладаат напаѓачот и му го одзеле ножот, по што со медицинско возило бил транспортиран во нервното одделение, а потоа во Душевна болница Бардовци-Скопје. По овластување на ЈО, увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

     Ова не е прв случај на напад на полициска екипа и лекарите на Брза помош, додека пренесуваат психички болни лица. Во јули минатата година полицаецот Горан Станишковски(33) од Куманово, беше убиен со нож додека со колегите се обидувал да смири болен од шизофренија, поради семејно насилство во населбата Средорек. Тој беше прободен со нож во грбот и на лице место им подлегна на повредите.