Два милиони денари за раселените
10.05.2015 14:25
| KumanovoNews
Семејствата кои ги напуштија своите домови и останаа без елементарни услови за живот ќе добијат помош од општината.

Општината Куманово на вонредна седница ќе донесе одлука за обезбедување 2 милиони денари за хуманитана помош на граѓаните.
Неопходни се пари за храна, млеко за децата, сретства за хигиена. Ние ќе ги прифатиме луѓето, но треба да им обезбедиме и нормални услови за живот. Затоа сметаме дека советниците ќе го подржат предлогот, - рекоа од кризниот штаб.
За семејствата кои ги напуштија своите куќи ќе бидат обезбедени душеци од Црвениот крст.