Два пожари со запалена сува трева
26.06.2015 09:26
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие имало два пожари на запалена сува трева во Куманово.

Територијалната противпожарна единица Kуманово интервенирала во 11.17 до 12,15 часот со 1 возило и 4 пожарникари, на опожарена сува трева со непозната површина кај локалитетот викан Багрем Бања.
Од 14.40 до 16.30 часот со 1 возило и 4 пожарникари интервенирано е на запалена сува трева во населбата Доброшане.
И двата пожари се локализирани без поголема материјална штета.