Дваесетина кумановци добија помош за сончеви колектори
18.06.2015 14:00
| KumanovoNews
Дваесетина граѓани од Куманово ќе добијат финансиска помош од Министерството за економија, за вградување и набавка на сончеви колектори.

Анализите покажуваат дека едно семејство кое користи сончев колектор, годишно може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија, односно околу 13.000 денари.
Ресорното министерство ќе покрие 30 отсто од парите кои граѓаните ги потрошиле за набавка и вградување на сончеви колектори, под услов таа сума да не е поголема од 300 евра.
Лани 25 кумановци добија субвенции за вградување на сончеви колектори, а оваа година бројката е помала.