×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесетта седница на Советот на Општина Куманово

    21.12.2018 10:10 | KumanovoNews

     Советот на Општина Куманово, во среда ќе ја одржи последната седница за оваа година.

    Дваесетта седница на Советот на Општина Куманово

    На дневен ред се 30 точки, а најзначајна е донесување на Буџетот на Општина Куманово за наредната 2019 година. Останатите точки се поврзани со буџетот и се главно програми за работа на претпријатијата и локалните институции.

    Дневен ред

    1.    Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;

    2.    Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2019 година;

    3.    Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2019 година;

    4.    Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2019 година;

    5.    Програма за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

    6.    Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2019 година;

    7.    Работна програма за 2019 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

    8.    Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2019 година;

    9.    Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2018/2019 година;

    10.    Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2018/2019 година;

    11.    Предлог – Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;

    12.    Годишна програма за 2019 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;

    13.    Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2019 година;

    14.    Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година;

    15.    Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2019 година;

    16.    Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2019 година;  

    17.    Предлог – Програма за помош и поддршка на самохрани родители кои живеат на територија на општина Куманово за 2019 година;

    18.    Предлог – Програма на активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2019 година;

    19.    Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Куманово за 2019 година;

    20.    Предлог – Одлука за отпис на побарувања по основ на комунална такса за фирма односно назив на деловна просторија (заклучно со 2010 год.) и данок на имот за правни и физички лица (заклучно со 2008 год.);

    21.    Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2019 година;

    22.    Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2019 година;

    23.    Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државни службеници за 2019 година;

    24.    Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2019 година;

    25.    Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2019 година;

    26.    Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за 2019 година;

    27.    Предлог – Одлука за престанување со важност на Одлуката за отстапување на користење, управување и одржување на деловен простор – сопственост на Општина Куманово, бр. 07-10443/15 од 05 ноември 2009 година;

    28.    Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2019 година за ангажирање на 9 (девет) работници преку агенција за привремени вработувања за потребите на општинската администрација на Општина Куманово;

    29.    Предлог – Одлука за одземање на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

    30.    Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2019 година.