Двајца повредени - воз удрил во автомобил на пругата во Романовце
11.07.2022 16:25
| Сузана Николиќ
Две лица се повредени откако воз удрил во автомобил на железничката пруга во село Романовце.

„Во 12.48 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу локомотива и патничко возило во село Романовце. Увидот се уште трае“, информира СВР Куманово.
Повредените биле пренесени во Кумановската болница, а потоа префрлени на лекување на Скопските клиники.