×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дванаесет новозаболени и единаесет оздравени од коронавирус во Куманово

    20.08.2020 19:53 | KumanovoNews

     Дванаесет новозаболени од коронавирус и единаесет оздравени, денеска се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Дванаесет новозаболени и единаесет оздравени од коронавирус во Куманово

    Како што информираат оттаму сите се од Општина Куманово и се од познат кластер.

    „Дванаесет новозаразени се од познат кластер и сите се од Општина Куманово. Направени се 36 теста, 18 преку Мој термин и 18 епидемиолошки“, вели Ариф Љатифи, директор на ЦЈЗ Куманово.

    Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во:Скопје 55, Куманово 12, Дебар 1, Штип 5, Прилеп 9, Тетово 6, Струга 1, Велес 2, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 4, Гостивар 2, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 1, Пробиштип 1, Берово 1, Виница 3, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 4.

    Починати се тројца пациенти од Тетово (64), Штип (82) и Струга (74).

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје 22, Куманово 11, Штип 11, Струга 37, Велес 3, Битола 6, Охрид 13, Кавадарци 11, Гостивар 1, Демир Хисар 3, Виница 4 и Кичево 5

    Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.