Две крводарителски акции во Куманово
15.04.2015 07:26
| KumanovoNews
Во Куманово утре ќе се одржат две крводарителски акции.
Од Црвен Крст Куманово соопштуваат дека учениците од “Наце Буѓони“ крв ќе даруваат од 13 до 17 часот и се очекува да бидат собрани над 50 единици крв.
По повод 18-от роденден на партијата, ЛДП Куманово утре на одделот за трансфузија во Општа болница Куманово организира крводарителска акција. Членови и симпатизери на партијата ќе даруваат крв од 10 до 13 часот, и се очекува да бидат собрани над дваесет крвни единици.