Мени

Две кумановки измамиле 19 лица и преку брзи кредити подигнале 175.000 евра

15.07.2026 21:10 | KumanovoNews

Кумановската полиција приведе две жени од Куманово осомничени дека со злоупотреба на лични податоци измамиле 19 лица, подигајќи брзи кредити во нивно име.

Две кумановки измамиле 19 лица и преку брзи кредити подигнале 175.000 евра

Против А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, е поднесена кривична пријава. Против А.С.Д. се води постапка поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, додека М.В. е осомничена за кривично дело „помагање“ по член 24 од Кривичниот законик.

„Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред осмислен план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари до јули 2026 година, во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица. Таа, без нивна согласност и овластување, злоупотребувајќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити. По нивното одобрување и исплата, средствата противправно ги присвојувале А.С.Д. и М.В. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, ѝ помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело, преземајќи дејствија што овозможиле реализација на измамата. На тој начин двете се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари“, соопшти Министерството за внатрешни работи.