Две лица повредени со сообраќајка на атопатот Куманово-Скопје
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа, при судир на две возила, на клучката кај аеродромот во Скопје.

Сообраќајката се случила синоќа околу 21,10 часот на клучка „Аеродром-Скопје“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Д.(25) од Скопје и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З. С. (58) од Куманово. Во незгодата возачот од возилото „фолксваген голф“ , А.Д. и совозачот Т.М. (26) - се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.