Мени

Еден приведен по инцидент во зградата на „Комитет“

13.06.2019 16:55 | KumanovoNews

Едно лице е приведено откако нападнало друго лице во просториите на некогашен „Комитет“.

Еден приведен по инцидент во зградата на „Комитет“

Инцидентот се случил вчера во 17 часот. Во СВР Куманово било пријавено дека во канцеларија во зградата на поранешен Комитет на ул.„Илинденска“ во Куманово С.Ј. (60) физички го нападнал М.П. (61) од Куманово.

С.Ј. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесоок.