Едукација за бремени жени
18.10.2011 09:35
| KumanovoNews
Здружението за грижа и едукација на бремените жени, мајките и децата „Лулка„, утре организира едукација во Куманово.

Предавањето ќе се одржи во кружната сала на Комитет со почеток во 17 часот. Бесплатната едукација за бременост е наменета за бремените жени и нивните партнери, како и за оние кои допрва ги чека вакво искуство. Предавачи на едукацијата ќе бидат доктор специјалист по гинекологија и специјалист педијатар.
„Едуцирана бременост – здраво бебе“ е проект кој опфаќа бесплатна едукација за бременост во повеќе градови низ Македонија, а организатор е здружението „Лулка„.