Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Убедени сме дека можеме европските плати и европските услови за работа да ги донесеме во нашата земја со што не само што ќе го запреме иселувањето на младите, туку и ќе овозможиме враќање назад во својата татковина на веќе иселените наши граѓани.
До крајот на мандатот невработеноста на младите луѓе до 29 години ќе ја намалиме под 17 насто, рече на денешната прес-конференција Драгана Коцевска, кандидат за пратеник во Изборната единица 2 на СДСМ.
Како што посочи таа, до крајот на мандатот за кој ја бараат поддршката од граѓаните ќе ја намалат невеработеноста на младите до 29 години под 17 отсто, ќе воведат практична настава во средните стручни училишта која учениците задолжително ќе ја спроведуваат во реалниот сектор, а и ќе им овозможат на редовните студенти да стапат во редовен работен однос, определен број на часови - опција која им е достапна на студентите во најголем број на европски земји.
„Партиската книшка којашто беше основен предуслов за вработување, а многу почесто и карта во еден правец за излез од нашата држава ја заменивме со целосна транспaретност при постапките за вработување, и она што е многу позначајно од тоа и што претставува услов за економски развиена држава, е тоа што приватниот сектор го направивме и продолжуваме да го правиме далеку поатрактивен за вработување со повисоки плати и подобри услови за работа од државниот. За таа цел: грижата за младите ја покажуваме со паричната поддршка од 6.000 денари, платежната домашна картичка од 3.000 денари, како и ваучерите од 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за информатички технологии и дигитални вештини“, рече Коцевска на денешната прес-конференција.
Таа додаде и дека, обуките, грантовите, како и проектите коишто ги овозможува СДСМ и колацијата, се показ за за тоа дека можат уште повеќе и уште подобро.
„Со мерката „Самовработување“ обезбедивме грантови од 5000 евра до 10 000 евра за отворање на сопствен бизнис, којашто мерка ја искористија 1191 лице. Преку јавниот повик „Стартапувај“ на Фондот за иновации и технолошки развој се поддржуваат младите луѓе и нивните иновативни бизнис идеи. Во 2019 година се обезбедија средства во висина од еден милион и осумстотини илјади евра со кои беа наградени 48 проекти и доделени грантови за основање на старт-ап бизниси. Преку проектот „Млад земјоделец“ обезбедуваме до 10 000 евра неповратни средства за младите луѓе за набавка на земјоделска механизација. Во новиот мандат 2020-2024 година за кој бараме поддршка продолжуваме уште повеќе и уште подобро“, вели таа.
Како што рече таа, сето ова, сведочи за суштинската промена во односот на власта кон младиот човек.
(Ф.Марковска)