20. 08. 2020 13:30

Фестивалот „Рома-труба фест“ по 15 пат во Куманово

Фестивалот „Рома-труба фест“ по 15 пат во Куманово

На Градскиот плоштад во Куманово, на 27 август, со почеток во 19 часот, по 15-ти пат ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.

Oваа година, јубилејниот фестивал ќе трае само еден ден, исклучиво со домашни изведувачи и под посебен протокол за заштита од вирусот ковид-19.

„Концерот ќе трае повеќе од 4 часови, секоја група ќе настапи по 20 минути. И оваа година програма ќе биде разноврсна и ќе бидат задоволени вкусовите на сите љубители на трубабата. Ќе ги запазиме сите протоколи, ќе има 300 столчиња за седење, простор за стоење,  обезбедување ќе контролира дали се почитуваат протоколите“, - вели директорот на фестивалот Самет Салиевски.

Химната на Ромите ќа ја отпее Роки Селими од Скопје, кој наспатувал на музичката манифестација Звезде Гранда, а специјален гости на вечерта ќе бидат Џељо Дестановски и Ферус Мустафов од Скопје.

Фестивалот ќе го отвори оркестарот „Уска Кан Кантуров“, по што ќе следуваат оркестрите од Кочани, „Млади Агушеви“, „Stars Band“, „Млади Таленти“, „ИСМО Бенд“, „Роберт ft. Ферчо & Bad Boys“.

Специјални гости на вечерта ќе бидат Кеми Асанов, Нукиш Бенд, Ферус Мустафов и Руфат – Роки Селимовски.

Манифестацијата е во организација на Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk