Фиеста излета од автопат, возачот тешко повреден
08.08.2019 11:42
| KumanovoNews
Возач се здобил со тешки повреди откако со својот автомобил „Форд Фиеста“ излетал од автопатот Куманово-Скопје.

Во незгодата возачот В.Т.(25) од Куманово се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, - информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.