Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фoрумот на жени на СДСМ Куманово, заедно со локалниот клуб на млади на СДСМ, денеска се приклучи кон одбележувањето на кампањата „Шеснаесет дена активизам против родово базирано насилство“.
„Заедно цврсто и одлучно застанавме против родово базирано насилство. Сите заедно велиме НЕ за родово базирано насилство, не за психичко, физичко или сексуално насилство врз жени и девојчиња. Преку портокаловата боја, преку нашите пораки сакаме да испратиме охрабрување и поттик до сите жени и жртви на било какво насилство да се охрабрат да го препознаат и да го пријават насилникот. Насилникот мора да биде казнет“, - вели Соња Тодоровска, координаторка на Форумот на жени на СДСМ Куманово.
Овие активности се спроведуваат со цел да се спречи родовото насилство врз жените, да се поддигне нивото на свеста за преземање на мерки за негово спречување и воедно жените да се охрабрат и да се информираат на кој начин можат да препознаат и пријават насилство.