Француски специјалитети во Пчиња
Со специјалитети од француската кујна ќе се одбележат Деновите на франкофонијата во Куманово, кои секоја година се организираат во март.

Презентацијата на француски специјалитети ќе се одржи во понеделник во 12 часот, во подрачното основно училиште “Браќа Миладиновци“ во село Пчиња.
“Ќе презентираме традиционални јадења и специјалитети на Французите. Ќе има многу слани и слатки јадења, сирење, кроасани, палачинки, пити, вино,-вели Зорица Пирганоска, професор по француски јазик.
Храната ќе ја подготвуваат учениците, нивните родители и професорите, а рецептите ги нашле на Интернет.
По повод Денот на франкофонијата, во училиштето ќе има фудбалски натпревар, презентација на македонскиот фолклор и поезија, а ќе бидат доделени награди на најдобрите ученции од ликовен и литературен конкурс кој го распиша училиштето.
На манифестацијата се поканети претставници од Францускиот институт од Скопје, Здружението на професори по француски јазик и гости од локална самоуправа.