Францускиот амбасадор во посета на Општина Куманово
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вчера попладне беше во посета на Општината Куманово.

Домаќин му беше градоначалникот Зоран Дамјановски, со кој разговарале за актуелната политичка состојба во државата и за реализација на проекти за подршка на Куманово.
„Неизбежна тема во разговорот беа политичките случувања во локалната самоуправа и ги отворивме прашањата што понатаму со законските проблеми во водењето на локалната самоуправа и кои се можните решенија од таквата состојба. Со амбасадорот разговаравме за културното наследство на Република Македонија, за вредностите и можните проекти да се подржи Куманово во презентација на културните придобивки, кои се идентитет на еден народ и една држава“,- изјави градоначалникот Дамјановски.
Куманово е пријател на францускиот народ и ја подржува франкофонијата и изучувањето на францускиот јазик, поради што амбасадорот е чест гостин во градот.
„Често се заборава дека има општини надвор од Скопје, каде се одвива животот на граѓаните со многу конкретни проблеми. И на средбите со градоначалникот се доближувам до тие проблеми. Ние имаме соработка со Фондацијата за франкофонско пријателство, со гимназијата, денеска го посетив Музејот, и тоа е прилика за нас одново да дојдеме и да презентираме одредени манифестации во Куманово“, - изјави амбасадорот.
Пред средбата со градоначалникот амбасадорот го посети Кумановскиот музеј.