ФЗО Куманово бара осум волонтери
15.01.2015 12:06
| KumanovoNews
Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Куманово има потреба од осум волонтери.

Се бараат луѓе со завршени економски науки, право, медицина, фармација, социјална работа, јавна администрација како и кандидати со средно кои би биле ангажирани за период од 12 месеци. Сите заинтересирани повеќе информации можат да најдат на веб страната на ФЗОМ.