×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалци ќе ја играат претставата „Хотел Крик“

    13.04.2017 13:10 | KumanovoNews

     Учениците од Гимназија „Гоце Делчев“, членови на литературни клубови и драмски секции под менторство на наставникот Соња Тодоровска, вечерва во Кумановскиот театар ќе ја играат претставата „Хотел Крик", текст од Горјан Ивановски ученик во III-2 клас, режија на учениците Денис Петровски од IV-1 и Горјан Ивановски од III-2 клас.

    Гимназијалци ќе ја играат претставата „Хотел Крик“

    Во претставата грофот и сопственикот на „Хотел Крик“, Адам бан Фишер ги кани гостите да престојуваaт  во хотелот  Крик, кој е еден од најпрестижните хотели во Виена, Австрија, лоциран во едно од најубавите места во градот. Овој историски објект со 4 ѕвездички гарантира дека гостите ќе останат без здив и повторно ќе сакаат да се вратат. Тој им порачува: „Ве очекуваме со полно срце и празни џебови“.

    Во претставата играат Милан Димитриевски, Никола Петковиќ, Марија Стевановска, Ивана Давчевска, Иван Тодоровски, Бисера Мишевска, Анастасија Величковиќ, Камелија Крстиќ и Јована Стајковска.

    Почетокот е вечерва во 20 часот, во Народниот театар Куманово.