Гимназијалци од Ниш во посета на Куманово
10.02.2015 14:10
| KumanovoNews
Учениците од Гимназијата “Гоце Делчев“ ќе бидат домаќини на своите врсници од гимназијата “Светозар Марковиќ“ од Ниш.

Гостите ќе пристигнат во петок , 65 ученици, 7 професори и директорката на “Светозар Марковиќ“.
“Ова е возвратна посета и продолжување на соработката помеѓу двете училишта. Гостите ќе следат настава, и најверојатно ќе има и посета на Скопје. Кај нас остануваат се до недела попладне. Учениците ќе бидат сместени во домовите на нашите ученици, а наставниците кај колегите“ - изјави Горан Димитријевиќ, директор на “Гоце Делчев“.
Двете гимназии соработуваат неколку години наназад.