Гимназијалците утре ќе ја бојкотираат наставата
Учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ за утре најавуваат бојкот на наставата, бидејќи неќат да одработуваат часови во сабота.

Велат дека се манипулирани и жртви на туѓи интереси.
“Би сакал јавно да ги повикам сите средношколци и основци, не само од Куманово туку и од Македонија, да се приклучат на оваа наша иницијатива и да покажеме дека и ние сме дел од ова наше општество, од нашата држава. Да покажеме дека и ние сме против реформите во образованието. Ние како и нашите професори сме против екстерно тестирање кое не оди во прилог на никого, затоа што тоа екстерно го нема никаде во светот, само во Македонија“ - велат од претседателство на ученици во “Гоце Делчев“.
Од таму додаваат дека ќе ги бојкотираат и следните саботи кои се предвидени да бидат работни денови за училиштата.