Гимназијата петта по успех на екстерно
26.06.2015 18:33
| KumanovoNews
Гимназијата “Гоце Делчев“ е петта на ранг листата на ниво на држава, според резултатите од екстерното тестирање .
Нивниот просек е 3.82 и од училиштето велат дека се презадоволни од постигнатиот успех.
“Досега ова ни е најдобар резултат и оваа година има најмало отстапување во оценувањето на колегите. Прв пат ни се случува да бидеме петти на ранг листата“ - вели директорот Горан Димитријевиќ.
Останатите училишта во градот немаат точен податок на кое место се на ранг листата, и колкав им е просекот. Објаснуваат дека ќе има поднесување на приговори за екстерното и следната недела ќе знаат дефинитивно како поминале на екстерното тестирање.