×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годишен концерт на „Dance Team Fusion“- државни прваци во танцување

    14.06.2017 09:39 | KumanovoNews

    Балетско-танцовата група „Dance Team Fusion“ од Куманово, освои прво место на државното првенство во танцување и ќе ја претставува државата на Светското првенство во Полска

    Годишен концерт на „Dance Team Fusion“- државни прваци во танцување

    Студиото за модерен и современ танц „Dance Team Fusion“, синоќа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев ” одржа годишен концерт. Посетителите имаат можност да ја видат  одблиску работата, идеите и реализација на танчерите.

    „Учествуваа членовите од Baby, Kids A, Kids B & Junior Team, кои ни ги презентираат своите кореографиите спремени од страна на Бојана Додевска и Леона Д.Стојчевска, - порачаат од „Dance Team Fusion“.

    Младинскиот ансамбл на танцовото студио „Dance Team Fusion“ од Куманово, кој го сочинуваат членови на возраст од 12 – 15 години, освои прво место на државното првенство во танцување и се пласираше на Светското првенство што оваа година треба да се одржи во Полска.

    Темата на победничката кореографија е загадувањето на воздухот и неговото влијание врз климатските промени и здравјето на идните генерации. Кореографијата е наречена „Dear Future Generations“ и нејзината цел е да ја поттикне свеста кај младите повеќе да се грижат за средината во која живеат.Автори на кореографијата се Бојана Додевска и Леона Стојчевска, а реализатор на видеото е Cleancut produkcija."

    Студиото за модерен и современ танц „Dance Team Fusion“ основано е во март 2013 година, со микс на четири различни личности, неисклучувајќи ги нивните различни гледишта на танцот и различните начини на истражување, е она што придонесува да се поместат границите на нивните креации и она што дава повеќе простор за растење на самото студио"- наведуваат од Студиото.