Годишен концерт на КУД „Српски вез“
19.04.2019 20:22
| KumanovoNews
По повод шест години од своето постоење Културно уметничкото друштво "Српски вез" организира целовечерен концерт.

Концертот ќе се одржи утре (сабота) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 19 часот.
„По тој повод предвидена е богата културно уметничка програма, каде што покрај „Српски вез“, како специјални гости на концертот ќе настапат и СКУД „Просвјета“ од Вуковар, Р.Хрватска и КУД „Симонида“ од Косово и Метохија“, - вели претседателот на друштвото Далибор Китановиќ.
Покрај богатата програма предвидени се и неколку изненадувања за кумановската публика.
Влезот е слободен.