Голем пожар помеѓу Орашац и Скачковце
03.09.2015 13:32
| KumanovoNews
Голем пожар околу пладне избил на потегот помеѓу селата Орашац и Скачковце, во место викано Бела вода.

Зафатена е нискостеблеста шума и сува трева со голема површина. Пожарот го гаснат 9 пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово со 3 противпожарни возила , а вклучени се и неколку мештани од Орашац во гаснење на огнот.