Голем пожар во околината на Прешево, црн облак од чад се гледа од Куманово
05.08.2022 21:20
| Сузана Николиќ
Голем пожар попладнево избувнал во околината на Прешево, Република Србија. Според информациите на српските медиуми, гори околу 50 хектари борова шума, во близина на 4 села, поради што е прогласена вонредна состојба на таа територија.

Противпожарните екипи се на терен, а се бара помош огнот да се гасне и од воздух, јавуваат медиумите.
Пожарот е видлив од граничниот премин Табановце, а густиот облак од црн чад можат да го видат и граѓаните на Куманово.