Голф излетал од патот, возачот починал на лице место
19.08.2019 09:28
| KumanovoNews
Возач на голф загинал откако возилото излета од патот.

Несреќата се случила околу 02,20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на крстосницата од нас.Ајдучка чешма и нас.Перо Чичо.
Т.Т.(45) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „ Голф“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Куманово.