Гореше сува трева во населбата Зелен рид
23.03.2015 08:25
| KumanovoNews
Запалена сува трева вчера гореше на улица “АВНОЈ“ во населбата Зелен рид.

Пожарот дава пати се разгорувал, па Територијалната противпожарна единица од Куманово интевенирала од 10.00 до 11.20 часот, а вториот пат од 13.40 до 14.20 часот.
Причините за појава на двата пожари се непознати, и во нив не е предизвикана поголема материјална штета.
Во пролет, граѓаните се почесто палат стрништа на нивите, па пожарот се проширува и на други површини.