Гореше трафостаница на излезот од Куманово
15.05.2015 08:29
| KumanovoNews
Трафостаница вчера се запалила на излезот на градот кон Скопје.

Територијалната противпожарна единица Куманово од 14,55 часот до 15,30 часот интервенирала со едно возило и шест пожарникари. Во содејство со екипите од ЕВН пожарот успешно е локализиран. Причините за појава на пожарот и причинетата материјалната штета не се утврдени.