Горивата поевтинуваат
22.07.2019 10:21
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика одлучи од ноќеска на полноќ бензините да поевтинат за еден денар, додека дизелот ќе се намали за половина денар.

Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69,5 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 за 71,5 денар за литар.
Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61,5 денари.
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.