Горивата поевтинуваат
20.04.2026 21:31
| KumanovoNews
Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата максимална малопроджна цена на Еуродизел БС – 95 е 80,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 82,5, а Еуроизел БС (Д-Е V) за 94 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 денари за килограм и ќе биде 46,288 денари.