×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поевтинуваат за 1,5 денар

    02.05.2017 16:37 | KumanovoNews

    Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари по литар.

    Горивата поевтинуваат за 1,5 денар

    Од ноќеска на полноќ бензините и дизел горивата поевтинуваат за  1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

    Со новата одлука на РКЕ Еуросупер БС -95 ќе се продава по цена  66 денари за литар, а  Еуросупер БС -98 ќе изнесува 68 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 39,5 денари за литар.

    За 1,005 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,397 денари.

    Намалувањето се должи на намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на односот на курсот на доларот во однос на денарот, кој во овој период е понизок.